Вака изгледа описот на овој прекрасен мини стан, чиј амбиент умешно ги пресликува тоновите на морето и плажата во секое катче на ентериерот. Иако со скромна површина од само 50 метри, станбениот простор е максимално удобен и функционален, а притоа изгледа неодоливо привлечно и опуштено. Која е тајната? Деликатната комбинација на сината и белата боја, но и внимателниот избор на детали со морски мотиви. Сместен е на самиот брег во сончевата Коста Брава, целосно исползувајќи ги поволната локација, фасцинантните глетки на морето и светлината на медитеранското сонце како предности. Во отворен простор се интегрирани дневната соба и кујната, а располага и со уште две стилски уредени спални соби, бања и шармантна тераса. Во просторот продира големо количество на природна светлина, при што отворот помеѓу дневната и кујната е во функција да овозможи нејзин непрекинат продор меѓу нив. Изборот на бои се сведува на комбинација на белата и различните нијанси на сината, надополнети од неутралните тонови. Креираат смирен и релаксирачки амбиент и се вистински одмор за сетилата. Ѕидовите се бојадисани во сини нијанси, или, пак, со апликација на нежни тапети како решение, додека мебелот, завесите и повеќето додатоци се пријатен спој на белите и кремастите тонови, разиграни со тиркизните акценти и цветните аранжмани. Суптилниот избор на детали и украси само ја надополнуваат хармонијата на ова релаксирано катче, внесувајќи го ехото на морето буквално во секој простор, а особено во симпатичната бања. Фасцинацијата од морската тема продолжува и надвор од ентериерот, на преубавата цветна и романтична тераса, на која секој миг го одземаат здивот магичните видици. Совршена летна инспирација!