Можеби поминаа неколку месеци од празникот на вљубените, но Burberry во соработка со Google ни претставува онлајн сервис преку кој било кој ден во годината може да испратиме бакнежи до саканите. Потребно е да се логирате на страната, да го бакнете екранот на вашиот компјутер или мобилен телефон и испратете го на љубениот, гледајќи го како патува низ улиците на Лондон, или некој друг град, благодарение на Google Maps и Street View технологијата. Постои и опција да го „обоите“ вашиот бакнеж во некоја од боите од новата колекција кармини на Burberry. Бакнежи до сите!