Прстените се голем тренд последниве неколку сезони, а со овој проект за минимален буџет и малку време може да си изработите неколку, дури и во различни големини и бои.
Потребни ви се:
-алуминиумска жица
-клешта
-маркер
Превиткајте ја жицата како на фотографијата и почнете да го оформувате срцето. Можеби на почеток ќе ви биде потешко, но со мало внимание ќе успеете да ја добиете саканата форма и големина.
Одкако ќе го оформите срцето, држете го со палецот и со помош на клештите виткајте ја во спирала преостанатата жица.
Земете го маркерот и оформете го кругот.
Скратете го вишокот жица.
Вашето прстенче е готово. Искомбинирајте го со некој супер аутфит :)