Зоолошка градина – за децата место за забава и запознавање на многу различни животни, но за нив – тоа е затвор, место во кое не припаѓаат. Оваа серија фотографии, насловена како „Модерен пустош“ е дело на Daniel Zakharov. Идејата за овие фотографии е да се подигне свеста на луѓето дека зоолошките градини не се место каде би требало да се наоѓаат овие животни и истите да бидат вратени во дивината, онаму каде што припаѓаат.
„Затвореници кои не се виновни за ништо – тоа се животните во зоолошките градини. Денес многу животни се раѓаат во заробеништво, меѓу бетонски ѕидови и вештачки пејсажи наместо во природата. Во меѓувреме, зоолошките градини станаа дом за животни кои ја изгубиле меморијата на нивните предци, но гледајќи ги во очи се добива чувство на препознавање на нивната желба за дивината. “