Како да се промовира иницијативата за Летно читање со стил? Seattle Public Library не само што стана уникатна со својот начин, туку постави необичен светски рекорд според својот неверојатен проект: најдолг домино ефект во светот на книгите! Создаден да ја лансира летната програма, со користење на 2131 книга – за да се создаде едно магично видео… многу книги, тивка атмосфера, мини катчиња за читање и неизвесност до последната книга.