Instagram корисникот Peeje T, ја има можноста да ужива во друштво на познати личности од калибар на Jay Z, Kanye West, Beyonce, Drake и Rihanna преку фотографии кои ги споделува со своите следбеници. Но за жал не се работи за фотографии кои го меморираат неговото дружење со овие личности, туку благодарение на Photoshop тој го остварува својот сон, барем на фотографија да се најде близу до личностите на кои им се воодушевува.
Неговите фотографии се откачени и креативни, фотографии кои ќе Ве насмеат. Токму поради тоа Peeje T има стекнато многу следбеници на својот профил, кои уживаат во неговите фотографии и се обидуваат да погодат: Во чие друштво ќе се најде Peeje T на следната фотографија?