Несекојдневно убавиот и идиличен дом воодушевува со деликатниот спој на есенцијата на розата и лавандата. Куќата за одмор е сместена во северниот крај Cantabria, а е некогашна стара и напуштена градба во која среќните соптственици се вљубиле многу години пред да ја откупат. Со помош на локалните дизајнери денес е претворена во идилично семејно катче за уживање во кое уживаат со нивните ќерки. Во куќата е воспоставен одличен баланс на традиционалните материјали, како дрво и камен, и индустриските материјали, како што се светилките и железните столбови вметнати во структурата на градбата. На тој начин, создадена е интересна комбинација на традиционалниот и модерниот дизајн во нејзиниот изглед. Инспирацијата за уредувањето на ентериерот, пак, потекнува од спектарот бои во кои се расцутени цвеќињата во градината, па како детали се нагласени во целиот дом. Светлината, јасноста и сензуалнoста на природата буквално царува во овој прекрасен кантри дом. Просторот е отворен и свеж, со пријатен, весел и релаксиран амбиент, за што најмногу придонесува изборот на светли и неутрални тонови на мебелот и ѕидовите, надополнети со цветните дезени и украсите во нежни нијанси, како и свежите цветни аранжмани поставени како декор во сите соби. Со допирите од дрво и бамбус е постигнат исклучително топол и романтичен ефект, како во ентериерот, така и на живописната рустикална тераса со бели хортензии. Преубава викенд инспирација!
Дом на розата и лавандата
Во ентериерот на оваа шармантна рустична куќа се' e во знакот суптилната игра помеѓу тандемот розови и виолетови тонови.