Уметност од стари книги – доста контрадикторна и уметнички интерпретирана е доволен мотив за библиофилите да се почувствуваат повредени од погрешната употреба на истите. Но, во светот на Brian Dettmer, деталните и иновативни склуптури од стари книги се секојдневие. Како миленик на галериите, музеите, уметничките центри, но најчесто уметничките сајтови и блогови, Dettmer во последно време се етаблира како еден од водечките меѓународни современи уметници кои работат со книги. Во 2011 година, неговото дело беше поставено како корица на книга за уметност (Gestalten Publishers, Berlin), додека во 2012 тој веќе одржува самостојни изложби. Познат како книжевен хирург, овој несекојдневен уметник ги користи книгите како уникатен медиум на неговото поимање на уметноста.