Како уметник, тој цврсто верува дека самата уметност треба да е прашална и збунувачка, наспроти мнението дека таа треба да е изразита и ограничена, На пример, зарем не би се запрашале што бараат овие книги во ваква поставеност лоцирани во некоја шума?
Фотограф од Норвешка кој студирал во Англија на Surrey Institute of Art & Design – Rune Guneriussen е уметник кој работи на преминот од инсталацијата и фотографијата. Како концептуален уметник, повеќе се фокусира на склуптуралниот дел на композицијата, преку процес кој предизивкува уметничка генијалност која го вклучува објектот, приказната, просторот и, најважно од се’, времето кога фотографијата е ставена во рамка. Таа е пристап кон балансот воспоставен помеѓу природата и човековата култура со сите поднивоа на нашата сопствена егзистенција. На крајот, тој нема намера да го диктира начинот на разбирање на неговата уметност – туку, укажува на патот да ја разберете неговата приказна.