Hangzhou Zoo, сместена во провинцијата Zhejiang, во источна Кина се случува нешто неверојатно: чуварите се сведоци на една необична глетка каде две живи глувчиња биле ставени во стаклениот кафез на една змија, како нејзина вечера. Пркосејќи ѝ на природната селекција (каде змијата го јаде глушецот, а глушецот пасивно се помирува со својата судбина), овие две фотографии докажуваат што се случува кога еден решителен глодар не е подготвен да се соочи со судбината и да дозволи змијата да го изеде неговиот пријател. Како што чуварите објаснуваат, обично додека едното глувче е затекнато во смисла на вечера – другото глувче се крие, иако знае дека е следен залак на смртоносната змија. Но, кога оваа вечера започнала… додека едното глувче било секунда одвоено од својата смрт, другото глувче ја нападнало змијата и се обидело да го спаси пријателот. Нажалост, кога било премногу доцна за да го спаси, на глувчето му била дадена слобода бидејќи чуварите се согласиле дека си ја заслужило истата.
Замислете што ќе се случи на овој свет – ако луѓето, барем на момент, поседуваа таква љубов, пожртвуваност и почит кон другиот…