Местото каде што сите библиофили, книго-холичари, зависници од добра книга, пасионирани читатели и така натаму; се чувствуваат како припадници на едно уникатно семејство, покрај неисцрпната инспирација да функционира и создава книжевно расположение со различни наслови, разни настани и комплетна ажурност во веб-просторот денес настапи со нов дизајн на нивната веб страница. Станува збор за поедноставена и минималистичка слика, придружена со збогатени профили, коментари, секција за разговори, дискусии и прашања, поени и беџови и уште мал милион секвенци кои означуваат радост во книжевниот свет.
Ако сеуште се двоумите дали ова е вистинското место за еден библиофил како Вие самите, Сакам книги е тука да Ви помогне… Доколку се препознаете во повеќе од три од следниве реченици, тогаш правец на нивниот нов веб-сајт:
- Сакам книги, сакам да ги читам, сакам да ги купувам
- Читам во секој слободен момент
- Секогаш носам книга со себе
- Секогаш ја мирисам книгата пред да почнам да ја читам
- Имам прекрасна домашна библиотека
- Мразам кога вработените во книжарниците ми ги раскажуваат книгите
- Читам и кога ме боли глава
- Никогаш не ги превиткувам страниците додека читам
- Би ги дал/а и последните пари за добра книга
- Се смеам и плачам на книги
- Не ги разбирам луѓето кое сметаат дека читањето е губење време
- Имам прочитано повеќе од 100 книги во животот
- Обожавам да препорачувам книги
- Обожавам да дискутирам за книги
- Обожавам убави корици
- Не тргнувам на одмор без книга во куфер
Па, ако се пронајдовте во повеќе од три ситуации, тогаш… се гледаме на Сакам книги!