Побарав од Бог сила, за да постигнам се’ што замислив… добив слабост, за да научам смирено да слушам.
Побарав од Бог здравје, за да можам да направам големи нешта... добив болест, за да одморам и да работам подобро.
Побарав од Бог богатство, за да живеам исполнет живот... ми даде сиромаштија, за да можам да ја почувствувам мудроста.
Побарав од Бог власт, за да можам да се чувствувам супериорно… добив понизност, за да почувствувам дека имам потреба од Бога.
Побарав од Бог толку многу нешта, за да уживам во животот… добив живот, за да уживам во сите работи… сите работи кои не ги побарав, а ми беа потребни. Покрај тоа, сите мои неизречени молитви беа одговорени. Јас, меѓу сите луѓе сум најблагословениот од нив!