Мартин Менковски Марменски ја овековечува убавината, ја пренесува својата креативност и незапирливост преку своите фотографии. Љубител на убави пејсажи, животни, разни спортови; тој ја бара убавината на нештата, без оглед на кое место се наоѓа. Во серијата фотографии што денес Ви ја претставуваме е очигледно дека во потрагата по нешто убаво неизбежно е објективот да се сврти кон Катарина Ивановска.
Катарина Ивановска е македонско девојче кое го освои светот, впечатлив лик кој ја носи „тајната“ на Викторија и вистински репрезент на Ребека од Трето полувреме или согласно нејзините пријатели „умна, убава, успешна и фина девојка“.
Катарина е позната по својата убавина и многуте фотосесии за познати брендови, денес ние Ви претставуваме серија фотографии на кои Катарина е во поопуштено светло пред објективот на Марменски. Станува збор за прва заедничка фотосесија која ДА ја има честа да Ви ја претстави, додека втората заедничка фото соработка се спрема за изложба.
Прекрасна како секогаш, со доза на таинственост, едноставност, овие фотографии се доказ дека македонскиот народ е во право: „нема поубаво девојче од Македонче“.