Во рок од два месеци, дизајнерката и аниматорка Jillian Tamaki работи на навистина интересен проект заедно со Penguin Classics, најкреативниот издавачки центар на класици. Имено, овој пат станува збор за рачно извезени три литературни класици со нејзини потпис – насловни страници кои дополнително се „облекуваат“ врз книгите. За навистина да се разбере нивото на комплекност и деталност во ова уникатно и трпеливо ремек-дело, мора да се погледнат фотографиите во прилог.
Наречен „Penguin Threads Project“, овој проект составен од три наслови е достапен од октомври 2011 не само како ограничено издание на уметност, туку како прекрасно произведени книги кои се отпечатени со техника на скулптурално втиснување која ги потенцира конците и боите.