Со се’ поголемите температури, се’ повеќе се размислува за „олеснување“ на гардеробата. Оставете ги облеките изработени од тешки, зимски материјали и внесете парчиња од (пругасто) тенко индиско платно, кој е голем тренд оваа сезона. Овој материјал бил популарен во британскиот колонијален период во потоплите земји како Индија, дозволувајќи на кожата слободно да „дише“, затоа што е памучен и природен. Лесно се комбинира и е достапен е во повеќе бои, без разлика дали се работи за шорцеви, сако или моден детал како вратоврска.