Во една арапска легенда се раскажува за двајца пријатели кои оделе во пустината. По патот се скарале и едниот му удрил шамар на другиот. Удрениот без збор да рече, седнал и напишал на песокот: “Денес мојот најдобар пријател ме удри!”
Продолжиле напред и стигнале до оаза каде влегле да се избањаат. Удрениот пријател одеднаш почнал да се дави, но навреме бил спасен од другиот. Кога се совземал, го грабнал ножот и напишал на еден камен:
“Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!”
Заинтригиран, неговиот пријател го прашал:
“Зошто откако те удрив ти пишувше на песокот, а сега пишуваш врз камен?”
Насмеан тој одговорил:
“Кога некој добар пријател ќе не повреди треба да го напишеме тоа на песок, каде што ветрот на заборавот и простување ќе го избришат. Но од друга страна, кога ќе ни се случи нешто големо и прекрасно, треба да го изгравираме на каменот на Срцето, каде што никој ветер не може да го избрише…“