Alex Chacon e авантурист кој пропатувал 82 459 милји со својот мотор, поминувајќи низ 22 земји во Северна и Јужна Америка. Во текот на своето патување, како моменти што треба да се паметат, Chacon создава фотографии и видео се со цел одредени спомени и искуства да ги подели со останатите. Ова не е единствената причина за создавање на проектот Motorcycle Diaries, целта на патувањето е подигнување на свеста и собирање средства за непрофитна организација Децата од Уганда.
Експедицијата започнала во Ел Пасо, Тексас. Возејќи низ Северна и Јужна Америка, завршува во Ушуаја, Аргентина, познат како најјужниот град во светот. Потоа тргнува пак на север, минувајќи низ САД, се до Алјаска, за потоа да се врати дома во Тексас.
„Возев сам половина пат околу светот, преку автопати, лоши патишта, кал, реки… придружени со урагани, дожд, сонце, снег… но сепак успеав!“