Со потекло од Полска, живеалиште во Лондон, Joanna Kustra е фотограф познат по нејзините модни фотографии каде што акцентот е ставен на жената и нејзината убавина. После „Невести и вдовици“ Ви претставуваме серија фотографии каде жената повторно е претставена во својата совршеност и несовршеност истовремено, како модерна принцеза која е приказна сама за себе. Нежни, чувствителни, заводливи, со доза на самодоверба, малку ароганција и многу елеганција. Прекрасно, зар не?