Британскиот уметник и илустратор најдобро познат по своите неверојатно детални дела кои што произлегуваат од неговите аспирации како страствен читател и љубител на стари книги – Jonathan Wolstenholme, кој за волја на вистината способен е својата љубов да ја преточи во една вонсериска уметност. Серија впечатливи книжевни моменти, масло на платно техника, каде книгите ја играат главната улога – академици, научници, боеми, филозофи, истражувачи и уметници.
Ироничниот хумор при создавањето на овие ремек-дела е исто така забележителен, бидејќи Jonathan Wolstenholme користи итар аранжман на антропоморфни слики. Популарна основа за уметноста преку која тој успеа да им подари 5 минути слава на исчезната арт-форма, односно античкиот белег кој книгите го оставија врз човештвото.