Кога мислеше дека не гледам, ти го закачи мојот цртеж на фрижидерот и јас посакав да ти нацртам уште.
Кога мислеше дека не гледам, ти ги нахрани мачињата од соседството и јас помислив дека е добро да се биде добар кон животните.
Кога мислеше дека не гледам, ми направи роденденска торта и јас знаев дека малите нешта во животот се оние најбитните.
Кога мислеше дека не гледам, ти се помоли за нашето семејство и јас верував дека Бог постои и дека секогаш е тука за разговор.
Кога мислеше дека не гледам, ти ме бакна за добра ноќ и јас се почувствував сакано за цел живот.
Кога мислеше дека не гледам, ти се насолзија очите и јас сфатив дека животот понекогаш боли, но, дека солзите се во ред.
Кога мислеше дека не гледам, ти се насмевна и јас посакав да изгледам еднакво прекрасно како тебе.
Кога мислеше дека не гледам, ти се грижеше за мене и јас решив да станам она најдоброто што ти сакаше да бидам.
Кога мислеше дека не гледам, јас гледав… и сакав да ти кажам „благодарам“ за сите оние работи кога ти мислеше дека не гледам!
– Mary Rita Schilke Korzan