За девојките никогаш доста од накит, токму затоа и денешниот наш проект за направи сам се однесува на штосна нараквица со Ваш печат. Едноставно, брзо и креативно до парче накит кое совршено можете да го вклопите во Вашиот летен изглед.
Потребно:
- мек коноп;
- навртки за штрафчиња.
Оваа нараквица е во вид на плетенка. Изработката е едноставна, земате три парчиња од конопот и плетете плетенка. На средината кај што сакате да бидат навртките, ставате од двете страни навртки и продолжете со плетењето. За помалку од 10 минути Вашата нова нараквица е готова.