Илустраторката Lucy Knisley е истовремено и авторка на стрипови и писателка. Повремено се занимава со изработка на кукли и пишува за патувањата кои ѝ го исполнуваат животот. Штом започнала да држи молив, започнала и да создава стрипови иако нејзина првична идеја ѝ била да студира сликарство.
Еднаш неделно држи часови по уметност на деца од 8-11 години, од кои ја добила идејата за стрип-серијалот кој следува во продолжение: секој еден од нив означува еден дел од култната приказна за Хари Потер, накратко раскажан и прикажан на интересен начин. Сите 4195 страници во неколку минути!
1. Хари Потер и Каменот на мудроста
2. Хари Потер и Одајата на тајните
3. Хари Потер и Затвореникот од Азкабан
4. Хари Потер и Пламениот Пехар
5. Хари Потер и Редот на фениксот
6. Хари Потер и Полукрвниот принц
7. Хари Потер и Реликвиите на смртта (1)
8. Хари Потер и Реликвиите на смртта (2)