Едно од наследните места на Австралија кое обезбедува единствен настан на спојување на просторот и времето во една точка, т.е во светот на книгите. Историската Circulating Library покрај што е една од најубавите библиотеки на светот, исто така е совршен избор за интимни вечери и величествени гала приеми и коктел забави.
Делот наменет за втората функција на библиотеката е познат како Mortlock Chamber, односно една локација која се одликува со белезите на викторијанската архитектура, спектакуларен ентериер и две нивоа – додека богатата понуда на книги ги прави самите значајни настани, далеку позначајни отколку што може да си замислите. Изложеното наследство на Јужна Австралија има незаборавно влијание: со капацитет од 200-300 гости и дополнителни 75 места за стоење во галерија, не не’ изненадува фактот што ова е првичен избор за забави на вистинските перфекционисти и библиофили.
Како зајакнување на веќе изразената атмосфера е стариот шарм и топлината на еден книжевен карактер кој го издржа тестот на времето. Со волшебен декоративен балкон, овој ексклузивен простор го отелотворува историскиот интегритет на јавната библиотека во Јужна Австралија и е идеално место за обележување на најзначајните животни радости.