Фондацијата ANAR од Шпанија управува со европскиот уникатен телефонски број за да им излезе во пресрет на децата и тинејџерите кои ќе се најдат во ризична ситуација – т.е, како жртви на семејно насилство. Само еден повик кој ќе означи помош, анонимност и доверливост… но, како да се пренесе пораката до децата, кога тие речиси секогаш се во придружба на возрасните (неретко, агресорите во приказнава)?
Согласно просечната висина на еден нормален човек и просечната висина на едно дете под 10 години, оваа кампања е вистински трик од областа на маркетингот, користејќи една реклама со две различни пораки. Бидејќи, речиси секогаш, пораката е видлива само за оние деца кои страдаат од истото.