Некогаш популарни, некогаш не: но, едно е сигурно – книгите како феномен никогаш не би можеле да Ве остават рамнодушни. Од средината на минатиот век, па се’ до денес сведоци сме на впечатливи кампањи за книги. Иако во оваа категорија водечка улога имаат Penguin Books, сепак не е на одмет да се запознаеме и да ги пофалиме останатите.
Знаете како велат – квалитетна реклама значи повеќе од квалитетен производ. Така што, доколку Ве интересира како изгледале рекламите за книги, книжарници, библиотеки и промоција на читањето како здрава навика, следуваат неколку примери од 50тите години на XIX век.