Тежок, но остварлив проект со наслов Ехо-куќа, во производство на Kariouk Associates во Отава, Канада е всушност, реновирање на викторијанска куќа од 1924 година во еден современ, ажуриран дом. Задачата на архитектите беше да се омажи 84 годишна куќа за современ, отворен и функционален простор за живеење кој фрла поглед на Rideau Canal. Скромниот историски дом беше затекнат во лоша состојба, чии соби со мали прозорци и темен ентериер каде приватноста била културен приоритет на едни минати времиња; потребите на новиот сопственик се концентрирани околу транспарентноста на прозорците, селектираниот работен простор и целосната ослободеност од тесни и чести ѕидови.
Зошто Ехо-куќата ни’ е интересна?
Затоа по дефиниција е опишана како „симпатичен одговор на изразени чувства, на една бавна трага на времето“, каде истата е забележана во уникатниот вид на библиотека. Архитектите создадоа своевидна визба на книги во која се сместени неколку илјади наслови! На овој начин, е овозможено вредностите на една одмината ера да одекнат во сегашноста преку страниците што живот значат.