На креативноста никогаш крај, особено кога станува збор за субјективен редизајн на познатите книги од страна на анонимни, но не и аматерски автори. По примерот на Хари Потер или Шекспировите наслови, по примерот на љубовните романи – денес, веруваме дека ќе Ве насмееме со:
„Заклучете ги Вашите ќерки… Дарси е во градот!“
– каде притоа, сигурно ќе ги прескокнете 10те совети како да се најде г-дин Дарси на денешницата! Навистина инвентивно и уникатно, редизајн на насловни страници во стрип-стил, кој нема да Ве остави рамнодушни.