Kathrin Longhurst е сликарка која израснала во Источна Германија, околностите во кои се наоѓала и овозможиле да живее во повеќе европски земји и на крај да се пресели во Австралија. Со разновидна културна позадина зад себе, како и со долгогодишната дружба со четките и боите, започнувајќи од своја 14 – годишна возраст, зад себе има оставено прекрасни слики во кои може да се забележи влијанието на социјалистичкиот реализам и комунистичката уметност.
Kathrin верува во постојаното надоградување на својата личност и токму затоа поминува цела деценија во Скандинавија, посетувајќи галерии во Данска и Шведска. Во сликите што следуваат главната улога ја има жената со сите свои моменти на заводливост и слабост, пленејќи со извонредна убавина.