Со воодушевувачките глетки на белите песочни плажи, магичните гребени и тиркизно сината лагуна, луксузниот комплекс ,,Dusit Thani Maldives” претставува вистински рај за сетилата, комбинирајќи ги во неверојатно атрактивен спој топлото тајландско гостопримство и совршената природна убавина на Малдивите. Располага со 100 вили и резиденции, во кои елеганцијата на современиот тајландски ентериер е умешно интегрирана со традиционалната малдивиска архитектура. Вилите и павилјоните се со површина од 122 до 560 метри квадратни – конфорно, сензуално и софистицирано уредени во внатрешноста со модерен дизајн, но и исклучителен релаксирачки и пријатен амбиент. Во надворешноста се надоврзуваат приватните интимни базени и бањи, со можност за директен пристап од вилата до лагуната, а во опкружување на фасцинантни видици и пејсажи кои задираат од секој агол. Комплексот Dusit Thani Maldives се издвојува и со одличната селекција на повеќе тематски ресторани, секој со богата разноврсна понуда и квалитетна услуга во текот на целиот ден, но и идиличнниот спа центар Devarana Spa, еден и единствен од таков вид, издигнат меѓу кокосовите палми како вистинска оаза за љубителите на спа услугите. Место како од соништата, со безброј можности за вистински одмор на очите и душата, во раскошот и богатството на секогаш неодоливите Малдивски Острови.