“Се, освен љубовта и пламенот, е деливо со два. Подели леб на две – добиваш две половини. Подели шише вино на два – добиваш две половини од еден литар. Но, подели пламен од свеќа на две – добиваш две цели, два цели пламена. Ниедна свеќа од која палиш друга нема да даде половина пламен. Ќе ѝ го даде цел на другата свеќа. Од едно цело – две цели! Каде ја има таа математика на друго место, освен кај пламенот?!
Истото е и со љубовта. Само за неа не важи математичкиот закон според кој едно цело се состои од две половини. Со љубовта и пламенот е така: од едно цело, со поделба не се добиваат две половини – туку две цели!
Живеј за таа поделба, во која Едното, кога ќе се подели, се добиваат две ЕДНА.”
– од „Вештица“, Венко Андоновски