Барселона – разиграната девојка, симбол на фудбалот и културен центар каде што се спојуваат повеќе култури. Pau Garcia Larita ни нуди можност да ја запознаеме Барселона на полноќ преку едноставно видео. Во позадина на видеото е музиката „Starscapes“ од „The American Dollar“.
Pau Garcia Larita е 23 – годишен режисер и фотограф од Барселона, кој постојано патува со цел да запознае различни култури, места и луѓе.
„Мојот живот значи постојано снимање на се околу мене. Ме воодушевува идејата дека постои можност да ја зачувам сегашноста во мојата камера или апарат, и да ја направам неповредлива од времето.“