Имате малку слободно време, а многу креативност? Пролетта ја буди Вашата креативност и доаѓа време да го освежите Вашиот дом. По предлогот за ѕид на љубовни изјави, ние Ви нудиме брз и едноставен предлог за да го разубавите веќе застареното перниче.
Потребно:
- -старо перниче (бело или крем);
- -линијар со букви;
- -перманентен маркер.
Постапката е едноставна, со линијарот со букви обележете, а потоа со маркерот напишете ги буквите. Напишете што сакате и за миг Вашето ново перниче е готово.
(може да пишувате и без линијар со букви, за да биде автентично, со Ваш печат)