Лесните фризури, за кои не ви е потребен цел тим на стилисти, се модерни оваа пролет. Коњските опавчиња, но овој пат ниски, плетенките, овој пат ситни и испреплетени низ косата, шишки, но овој пат залижани, како и не совршени пунџички, слободни брановидни локни и разни модни додатоци како цветови, машни и марами.