Преминот од светли кон темни бои наречен „омбре“ е голем тренд последниве две години. Го има во нашата гардероба, фризура, нокти, па зашто да не бидат и велигденските јајца во тој стил? Ви прикажуваме како лесно да ги направите.
Потребни ви се:
– бели јајца
– прехранбена боја
– мала тегличка или сад
Сварете ги јајцата. Оставете ги да се оладат и избришете ги со салфета.
Земете ја тегличката или садот, која претходно сте ја наполниле до половината со вода. Ставете од прехранбената боја и промешајте да се раствори. Потопете едно од јајцата до половина во бојата и држете го така околу минута време. Доколку не сте задоволни од бојата држете подолго.
Додадете уште малку вода во садот и потопете го јајцето пак. Овој пат држете го околу 30 секунди.
Кога ќе ја добиете и втората боја, наполнете го садот цел со вода и потопете го целото јајца на едвај 10 секунди. Извадете го и оставете го да се исуши. Ќе го забележите преминот од светла кон потемна боја, што всушност е и „омбре“.
Повторете ја процедурата и за останатите јајца и поставете ги на масата во домот.