Flora Borsi, фотограф од Будимпешта, користи стари црно – бели фотографии од познати личности и со Photoshop се вметнува самата себе во истите фотографии. Серијата е насловена „Патување низ времето“ и навистина преку овие фотографии Borsi навистина изгледа како дел од тие моменти и случувања, како папараци на славните личности; скриена меѓу публиката, патниците, совршено вклопена во целиот амбиент.
Овие фотографии претставуваат исполнување на желбата да се биде дел од концерт на Елвис Присли, да се биде во близина на Мерлин Монро, Битлси или Вуди Ален. Оригинално, креативно, прекрасно, патување низ времето преку фотографии со помош на технологијата, Photoshop – машина за патување низ времето. Каде би отпатувале Вие?