Подготвени за патување со книги?
По завршување на 25. Меѓународен саем на книгата, реномираната издавачка куќа „Матица “ од Скопје и „Клуб Лагуна“, најголемиот српски издавач, подготвија предпразнична акција во главниот град за љубителите на пишаниот збор. Никогаш доста од квалитетни наслови, квалитетна услуга и уште поквалитетно пативање во светот на книгите.
Секогаш присутни и актуелни на книжевната сцена во Македонија, издавачката куќа „Матица“, своите верни читатели деновиве ги изненади со отварањето на „Клуб Лагуна“ во Скопје. Со најголема понуда до сега од светската книжевна продукција и акција под мотото „Подготвени за пат“, очекуваат читателите првомајските и Велигденските празници да ги поминат патувајќи и уживајќи со книга в раце. Во последните години станува сѐ поактуелно книгите да се читаат за време на патување (авион, брод, воз), на плажа, планина…
Акцијата им овозможува на читателите да се стекнат со статус член во „Клуб Лагуна“ и да добијат попуст од 15 % – 33 % и некој од разновидните подароци. Освен оваа акција, за во мај, најавуваат бројни изненадувања и многу нови наслови. Но, како најголем настан го сметаат гостувањето на Халед Хосеини на 6 септември во Скопје, авторот на бестселерите „Ловец на змејови“ и „Илјада сјајни сонца“. Покрај тоа, „Кринот од Нил“ од Стефани Дреј, „Сопругата на сенаторот“ од Сју Милер, „Промена“ од Мо Јен, „Враќање на Крит“ од Бренда Рид и уште многу други наслови се препорачани од страна на „Матица“ и „Клуб Лагуна“.
Како јаготка на шлагот, ова е само најава на соработката на DIVIANARTS.COM во кампањата „Подготвени за пат„! Само Ве потсетуваме: животот е книга и оние што не патуваат читаат само една страница…