Paweł Fabjański е моден фотограф од Варшава, Полска. Податок кој ништо не Ви значи доколку не појасниме дека неговата последна фотосесија во соработка со брендот LOUS во центарот на вниманието ги има книгите. И не само како благородни објекти, туку во својство на фетиш. Не е новост дека светот има развиено погрешна претстава за функцијата на библиотекарките.
Фотографски перверзно и уметнички совршено, тој реши да ги третира книгите како моден додаток кој додава зачин на сексипил, наместо веќе здодевната долна облека. По автоматизам, личноста која може на прво место да се пофали со интелегенција и речник е попривлечна од било која друга. Нели Ви кажавме дека да се чита е секси?