По повод вечното славење на љубовта и вечната потрага по истата, независно дали е тоа само уште еден индикатор на 100 години самотија – Ви прикажуваме поинаков пристап на страниците на Вашиот живот, испишани со љубов уште од древни времиња. По алтернативните корици на Шекспир и редизајнираните наслови на Мураками, следува палета на емоции, обвиткани со љубов. Можеби сеуште не сте ги направиле Вашите чекори за паметење…
Студиото [re]design создаде 14 суштински редизајни на љубовните романи, од Пруст преку Набоков до Ирвинг: совршено создадени во минималистичка хармонија, со срцевидниот облик во центарот на графичкиот израз. Имуни на љубов или имуни на искажувањето љубов, неочекуваното „P.S. Те сакам“ е нештото кое ќе Ви го разубави денот.
„Да љубите или да бидете љубени, тоа е повеќе од доволно. Не барајте ништо понатаму. Не постои друг бисер кој може да го најдете во мрачните набори на животот.“
– Виктор Иго