Спортската тенка јакна е одлична за непредвидливите пролетни дождови и ветрови, а е и голем тренд оваа сезона. Лесно се комбинира со маица и фармерки, блузон, палто и кошула. Ви претставуваме неколку идеи како може да ја носите со разни парчиња облека од вашиот гардеробер.