Кое е идејното решение за дофат на недостапните, највисоки полици во Вашата библиотека? Ако Вашиот одговор е со помош на столче, тогаш ќе Ве пресечеме со информацијата дека полиците се сместени во просторија со висок таван, веднаш до извиените скали. Во домот на дизајнерката Sallie Trout, во Остин, Тексас, инсталирано е детски креативно решение за проблемот – полицата е поставена, книгите се наредени, а нивната достапност е овозможена преку… столче на база на вертикално лифт движење со помош на синџири!
Овој механизам е безбеден концепт на лифт, каде синџирите се затегнуваат преку дигалката која виси од таванот. И најважно од се’, овој лифт е прилагоден за сите нивоа на полици. Ако помисливте дека ова е вистинска имагинација… ние Ви покажуваме дека е остварлива, во реалниот живот!