Andrew Julian ни овозможува да ја откриеме апсолутната совршеност и убавина на Париз, преку видео кое го има направено за време на негова посета на градот на светлината. Насловено како „Тивкиот град: Зима во Париз“, ни го претставува Париз, од негова преспектива. Преку ова видео, француската метропола е претставен како тивок, смирен град. Композицијата во позадина Spiegel im Spiegel композирана од Arvo Pärt, ја нагласува поетичноста на градот. Уживајте во видеото и прекрасните фотографии на градот во кој времето застанува, љубовта се раѓа, а уметноста живее; Париз.