Casey Grim и Adam McLaughlin изгледаат како две парчиња од една сложувалка. Создаваат креативни фотографии, каде што се наоѓаат во иста положба, на исто место. Познати по креирање на комични видеа под наслов Couple Of Nerds, со оваа фото-сесија докажуваат дека се доволно креативни за да предизвикаат насмевка на Вашето лице. Љубовта не познава граници, а забавата е составен дел од љубовта и меѓусебниот живот на двајца вљубени. Судејќи по фотографиите, тие навистина се забавуваат.