Откако Ви предложивме Направи сам држач за моливи, денес имаме на репертоар Направи сам футрола за боички – каде насловот не мора да имплицира строго користење на футролата за боички. Но, оваа идеја може да им послужи на креативците, родителите, студентите по дизајн. Па, да започнеме!
Потребно Ви е:
– дебела ткаенина
– линијар
– скалпел
– врвка
– комплет боички кои чекаат да бидат средени
Веќе Ве поттикнавме да си го средите сиот неред предизвикан од будењето на Вашата креативност? Совет плус: оваа идеја може да послужи за средување на Вашата кујна, гаража, работна соба… се’ е полесно кога имате футрола со алатки, средена во фиоката.