Нова кампања за целите на московскиот музеј, Shchusev State Museum of Architecture со наслов „Откријте ја целата приказна“, создадена од Saatchi & Saatchi Moscow. Кампањата има за цел да провоцира посетители на еден од ретките музеи чија колекција одразува илјада годишна историја на архитектонското наследство на Русија.
Со користење на три симболични градби, главната зграда на Лемоносов Универзитетот, катедралата Св. Василиј на Црвениот плоштад и Бољшој театарот – фотографиите покажуваат дека покрај надворешноста, приказната крие повеќе, приказната чека да биде откриена. Зачуваната ДНК на руската архитектура е повеќе од горд мотив за вакво претставување во јавноста.