Ќе си признаеме дека уживаме во сите видови на купување: гардероба, намирници, детали за дома. Но, уште повеќе си признаеме дека уживаме кога од нешто старо ќе направиме ново, будејќи ја креативноста и заштедувајќи некој денар. За денес, во надеж дека поседувате стар сет за кафе/чај од некои поодминати времиња, кои моментално мируваат во подрумот, Ви подготвивме интересен Направи сам проект кој ќе ги освежи Вашите средби со пријателите кај Вас дома, со чај или кафе.
Три едноставни чекори и минимален трошок: верувајте дека вдахнувањето нов живот на старите искористени предмети никогаш не било позабавно – малку имагинација и малку спреј е се’ што Ви е потребно. Ве уверуваме дека пријателките ќе Ви позавидат кога нареден пат ќе ги послужите со чај!
Изборот на боја и видот на чај останува на Вас. Ние избравме бела керамика со розови рачки, која веруваме дека делува доста едноставно и модерно. Средбата е закажана, за вистинско кралско уживање.