Речиси и не постои девојче од генерациите кои пораснаа со Дизни анимираните филмови, што не било заљубено во некој од овие фиктивни цртани ликови. Сосема оправдано – секој од овие мажи е романтичен, мил, шармантен, храбар и повеќето од нив се со кралско потекло. Инспирирани од ова, направивме листа на најпожелните Дизни принцови од омилените анимирани филмови од нашето детство, земајќи ги во предвид изгледот и нивните карактерни доблести и мани. Дами, имате ли свој фаворит?
10. Принцот освојувач ( Џон Смит – “Покахонтас”)
9. Принцот на бел коњ ( Фердинанд – “Снежана и седумте џуџиња”)
8. Принцот шармантен ( Принц Шармантен – “Пепелашка”)
7. Принцот херој ( Филип – “Заспаната убавица” )
6. Принцот воин ( Ли Шанг – “Мулан”)
5. Принцот нежен ( Адам – “Убавицата и Ѕверот”)
4. Принцот скитник ( Флин Рајдер – “Златокоса”)
3. Принцот божествен ( Херкулес – “Херкулес”)
2. Принцот авантурист ( Аладин – “Аладин”)
1. Принцот романтичен ( Ерик – ”Ариел”)