„Еден фустан, една жена, еден свет“ е проект на Jeff Salvage и неговата жена Jennifer. Тие патуваат илјадници километри за да направат вонвременски фотографии во невестинскиот фустан, да ја меморираат својата меѓусебна љубов и љубов кон патувањето.
Секоја девојка сонува да биде облечена во бело, а благодарение на фотографиите тој момент станува вечност. На различни дестинации, различни култури, временски услови, дури и на кошаркарски терен; девојка во бело, фотографирана од својата посилна половина е прекрасна претстава на љубовта и најубавиот ден во животот на двајца вљубени. Мора да признаеме дека сите фотографии се прекрасни, но наш фаворит е фотографиијата направена во Париз; Ајфеловата кула во комбинација со добро вино – секогаш изгледа совршено.