„Моите музи сакаат да бидат забележани, шарени и свои. Ги провоцираат сетилата и кокетираат со околината. Само така можат да ја надминат масата и формата, за повторно да донесат радост и цветање.“
Ирина Тошева за својата Вила колекција, пролет/лето 2013
Во рамките на овогодинешниот FWSK, младата дизајнерка Ирина Тошева, а воедно и уредничка на категорија Мода при DA ја претстави својата дизајнерска визија како пат на природата и нејзината мистика, користејќи памук и свила за престојната сезона. На еден неконвенционален начин, каде боите, материјалите и моделите преставуваат своевиден медиум, моден израз на младоста, повторното раѓање и топлината. Ревијата на Ирина ги испровоцира сите сетила на софистицирано кокетен начин, придонесувајќи ефект на цветна бајка кај сите присутни.
*фотографиите се преземени од официјалната страна на Fashion Weekend Skopje (FWSK).