„Лицето на мажот е негова автобиографија. Лицето на жената е нејзино ремек-дело.“
– Оскар Вајлд
Жената – вечна инспирација; носител на животот, поим за убавината и симбол на нежноста. Исконското фигурирање на жената во сликарството во текот на 500 годишното сликарство од Западната уметност, претставено во „Жената во уметноста“, видео на Philip Scott Johnson. Face morph техника за прикажување на промените во женскиот инспиративен лик кој не престанал да важи за муза во светот на уметноста. Прекрасна идеја со софистициран приказ на жената низ годините, со примат на женското лице.