CMYK е три – димензионално улично дело креирано од норвешкиот дизајн колектив, Skurktur. Со користење на разни бои, мешање на разни медиуми е создадена оваа радосна сцена во која мало дете и возрасен човек различно реагираат на шарениот „дожд“. Дете кое се радува на дождот, со раширени раце и голема радост ја очекува секоја капка и возрасен човек кој се обидува да се заштити од секоја капка дожд. Прекрасен приказ на детската невиност, која се губи во текот на годините и возрасната грубост која го убива детето во нас.